Германската војска се извини за фотографијата на нацистичка униформа

232

Германското Министерство за одбрана се извини поради објавувањето фотографија на униформа од нацистичкиот период со медали со кукаст крст.

Фотографијата е објавена во рамки на една приказна на Инстаграм за модата, под името „Ретро“.

Портпаролот на војската Кристијан Тилс изјави дека таа објава брзо е отстранета од Инстаграм, бидејќи е „неприфатлива грешка“ и дека Министерството се извинува за тоа.

Тилс рече дека униформата на фотографијата всушност е холивудски костим кој актерот Том Круз го носел во филмот „Валкир“, по што е изложена во Историскиот воен музеј во Дрезден. Фотографијата е објавена како илустрација на текст за влијанието на униформата врз модата.

Според портпаролот, објавувањето на фотографијата повеќе е „исклучително иритирачки случај на невнимание“ отколку „неонацистичка порака“. Тој најави дека „ќе има последици“ за одговорните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...