Домашните компании не се подготвени да соработуваат со големите корпорации

За Ирена Јакимовска од конфекцијата Конфи Ангел проблем на ниското ниво на соработка на домашните компании со големите корпорации од странство е тоа што нема подготвеност на домашните компании за тоа..

147

Соработката на домашните фимри со странските инвеститори во земјава сѐ уште е на ниско ниво, констатираа говорниците на бизнис форум „Визија за поголема соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во земјата” отганизиран од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ и Центарот за управување со промени.

– Сега предизвик во зголемувањето на соработката на домашните компании со странските инвеститори не е работната сила бидејќи сите веќе се соочуваат со проблем на обезбедување квалитетна работна рака, туку како да се обезбеди квалитетен и конкурентен производ да се воведе нова технологија технолошки стандарди и да се обезбедат доволно капацитети тоа да се произведе – вели Благица Петрески од Фајненс тинк.

Петрески образложи дека проектот кој го реализирале три години бил поделен во два дела.

– Проектот опфаќа и директна интервенција во поврзивањето на компаниите и тоа испорачување обука за некои вештини, обука за технолошки стандарди и менторска програма за вклучените претпријатија – рече Петрески.

За Ирена Јакимовска од конфекцијата Конфи Ангел проблем на ниското ниво на соработка на домашните компании со големите корпорации од странство е тоа што нема подготвеност на домашните компании за тоа.

– Во основа треба да го промениме менталитетот. Ние немаме иницијатива да направиме соработка со странските компании- вели Јакимовска.

Според неа, во сегашни услови домашните компании треба да учат од странските компании, а не да бидат суетни и да мислат дека се знаат и се најдобри од сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...