Чифлиганец се зацврстува во Комерцијална банка

Адора купи 5.300 акции за кои плати 521.000 евра или околу 100 евра по акција.

1583

Адора Инженеринг и нејзиниот сопственик Ванчи Чифлиганец продолжуваат да ја зголемуваат сопственоста во Комерцијална банка.

Адора купи 5.300 акции за кои плати 521.000 евра или околу 100 евра по акција.

Со последната трансакција на купување акции од Комерцијална банка Адора инженеринг и поврзаните лица стана сопственик на 11,11 отсто од основната главнина во Банката.

Трансакцијата за која соопшти Банката на Македонска берза се реализирала пред два дена.

„Преку две системски блок трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 5.300 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 253.247 обични акции, односно ќе има учество од 11,11% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, соопшти Комерцијална банка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...