Граѓани се задолжуваат и кај диви лихвари, каматите непристојни

Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплататат на долгот да не трае подолго од две години а не десет или повеќе години и да се почитува застарувањето на догловите.

296

Граѓани денеска протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплататат на долгот да не трае подолго од две години а не десет или повеќе години и да се почитува застарувањето на долговите.

– За кривични постапки постои застарување, но за долг не постои. Има и диви лихвари. Ми се јавија луѓе кои од физичко лице позајмиле пари по ненормални камати. Тие се во спрега со нотар, извршител. Значи, див лихвар, физичко лице соработува со извршител и со нотар и доаѓа до ненормални суми на пари. Тоа мора да се прекине – рече Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.

Марјан Ристески, кој е еден од иницијаторите на протестот, изјави дека извршителите во текот на 2019 година од државните институции зеле 20 милиони евра. Тој побара со ветинг да бидат опфатени и извршителите.

– Извршителите освен што ги крадат граѓаните, тие ја крадат државата. Ние нема да молчиме. Оваа неправда мора да се исправи. Гледаме дека најавуваат некакви мерки, меѓутоа не се јасни тие мерки. Ќе имало застарување на долговите, ќе имало замена на закон. Ние бараме конкретни резултати да кажат што значи тоа. Ниту еден извршител не одговара. Бараме ветинг и за извршителите за да докажат од каде им се парите. Извршителската функција стана најплатена функција во државата – рече тој.

Граѓаните порачаа дека нема да се смират додека не се најде решение за овие драконски казни и ќе протестираат се додека надлежните не се согласат и преземат конкретни мерки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...