Да се прифати тоа што е добро и реално, но не и политикантското во амандманите на предлог буџетот за 2020 година, порача премиерот Зоран Заев.
– Моите насоки до Министерството за финансии е за се што е добро и реално возможно прифаќајте, да се вградиме сите, Буџетот е на сите во државата. Така што тоа што е прифатливо да, а тоа што е апсолутно само политиканство, државата мора да го држи серозниот аспект на приходната и расходната страна заради сериозна реализација на Буџетот – изјави денеска Заев по трибината со здравствени работници.
На текстот на Предлог буџетот за 2020 година се поднесени 350 амандмани од кои 314 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Расправата почна вчера во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.