Само регистрирани земјоделци ќе добијат поврат на пероналниот данок

Ја добивме листата од УЈП во која се евидентирани сите земјоделци кои оствариле приходи единствено од земјоделска дејност. Неделава ќе провериме дали овие земјоделци се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

273

Министерството за земјоделство оваа недела ќе изврши проверка на списоците добиени од УЈП и веднаш потоа ќе почне со враќање на перосналниот данок кон земјоделците кои не оствариле промет над еден милион денари, соопшти денеска ресорниот министер Трајан Димковски.

Како што рече Димковски на прес-конференција, пред да почне враќањето на средствата, јавноста ќе биде информирана.

-Ја добивме листата од УЈП во која се евидентирани сите земјоделци кои оствариле приходи единствено од земјоделска дејност. Неделава ќе провериме дали овие земјоделци се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Откако тоа ќе се потврди од наша страна, ќе се премине веднаш кон враќање на персоналниот данок. Очекуваме оваа недела да ги завршиме сите контроли зашто се работи електронски и првиот ден кога ќе бидеме сигурни, јавно ќе објавиме кога ќе биде враќањето на парите – рече Димковски.

Со измените на Законот за пероснален данок на доход се зголеми прагот за остварени приходи од продажба на земјоделски производи од 300.000 на еден милион денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...