Нов опасен тројански вирус наречен Ginp им се заканува на корисниците на Android. Вирусот таргетира профили на мобилно банкарство. Тој тајно се вгнездува во системот на смартфонот и може да ги собере доверливите податоци како лозинки, број на трансакциска сметка, увид во финансиите на корисникот и секако можности за неовластено трошење на пари.
Најчесто се појавува преку е-маил спам и фишинг напади. При тоа корисникот добива известување дека смартфонот е заразен со вирус и добива понуда за надворешна апликација која е неавторизирана.
Ginp креира лажни страни за логирање при што, ако ги внесете личните податоци од нив ќе направи запис и ќе има целосен пристап до сметката.
Затоа пред да инсталирате било каква апликација добро проверете каков рејтинг има и кој ја изработил.
Вирусот, според истражувачите кои го откирја, велат дека инфицирал повеќе од 800.000 Андроид уреди, контролирајќи неколку милиони евра што се чуваат во седум шпански банки.
На откривањето на вирусот работеа истражувачи од Чешкиот универзитет. универзитетот УНЦУИО и Аваст.