Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за половина денар, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно ваквата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 68,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70,50 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде 61 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,388 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој од полноќ ќе се продава по цена од 32,957 ден/кг.
Новите цени се направени врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период и на курсот на денарот во однос на доларот.