„Играш како што другиот ти свири“ – скулпторски проект на Исмет Рамиќевиќ

68
FOTO MIA

„Играш како што другиот ти свири“ е насловена изложбата – мултимедијален проект од циклусот „Молк“ на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар. Се работи за скулпторски интерaктивен проект од  серија различни удирачки и жичени инструменти инспирирани од  историјата на балканските,  европските и азиските музички култури.

– Дискретната хибридна визуализација на музички инструменти чии тела дискретно се акцентирани и завршуваат со реалистички или стилизирани куршуми измоделирани се во комбинирана техника. Во извесна смисла овој проект претставува продолжение на претходниот монументален  антимилитантен проект „Молк“. Ваквата хибридизација на инструментите, како и глобалната, а особено локалната  политичка   состојба, спонтано  го генерира  насловот  кој  во себе содржи истовремено и констатација, но, пред сè  апел –  да не „играш како што другиот ти свири“.   Самиот наслов непосредно  реферира на  влијанијата на светските  центри на моќта кои се рефлектираат и реперкуираат  во сите сфери на човечкиот живот, соопшти КИЦ.

Организаторот на изложбата наведува дека покрај за професионалните музичари,  таа е отворена за интеракција и со публиката, така што музицирањето со различните инструменти,  суптилно  ќе го претставува отпорот  кон  севкупната современа политичка состојба.

Исмет Рамиќевиќ е професор по вајарство на Факултетот за ликовни уметности и е член на Друштвото на ликовните уметници од 1987 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...