Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО

Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог - рече професорот Манос Стефанидис од Атина, куратор на изложбата.

318

На Меѓународниот саем на современа уметност Арт Тесалоники 4 во Солун, каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог – ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ – керамики и слики“, Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник.

– Пабло Пикасо, легендата на модернизмот и меѓународниот сликар Мице Јанкуловски кој изложува во рамки на Остен Павилјонот на Биеналето во Венеција и е награден со највисоката награда „Лоренцо Ил Магнифико“ за животно остварување на Биеналето во Фиренца оваа година – ќе претстават керамики и големи сликарски композиции од Форма 3 на Јанкуловски на АртТесалоники 4. Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог – рече професорот Манос Стефанидис од Атина, куратор на изложбата.

За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице ЈАНКУЛОВСКИ – сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани попладнево во рамките на Арт Тесалоники 4.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...