Мицкоски до пензионерите: Заев ви даде 450 денари помалку (ВИДЕО)

Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно, вели Мицкоски.

97

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со видеопорака им се обрати на пензионерите во која прави споредба на износите на пензиите кои ги добиваат сега и оние кои би ги добивале со законското решение на ВМРО-ДПМНЕ од пред двеипол години.

– Просечната пензија на 31.12.2018 година изнесуваше 14.445 денари, и ако таа пензија како што беше со закон предвидено се зголемеше за половина од 6,15 проценти колку што беше растот на просечната плата во второто полугодие од 2018-тата година, тогаш пензијата ќе се зголемеше за 3,075%, и таа ќе изнесуваше 14.890 денари, односно вашето месечно зголемување требаше да биде 445 денари во првата половина од 2019-та година. Ако просечната пензија на 30.06.2019 година изнесуваше 14.890 денари, и ако таа се зголемеше за 1,75%, колку што изнесуваше половината од процентот на раст на просечната плата во првото полугодие од 2019-та година, тогаш вашата пензија требаше да изнесува 15.150 денари, или вие пензионери требаше да добиете ново зголемување на пензијата од дополнителни 260 денари.
Значи со укинувањето на законската одредба, Заев во првите 6 месеци од 2019-та ви одзема по 445 денари месечно, а во вторите 6 месеци од 2019-та година ви одзема дополнителни 705 денари месечно, или вкупно во 2019-та година Заев ви одзема 6.900 денари, или 575 денари месечно просечно – вели Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...