Извештај на Стејт департментот: Во Србија проблематични се корупцијата и судството

74
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Стејт департмент во својот годишен извештај за човековите права во светот проценува дека недостатокот на независност во судството, корупцијата, мешањето во приватноста, трговијата со луѓе и насилството врз припадниците на ЛГБТ заедницата се најголемите проблеми во остварувањето на човековите права во Србија.

Во извештајот се потсетува дека во 2016 година се одржани вонредни парламентарни избори, а во 2017 година претседателски, со оценка дека изборите главно биле слободни, но и дека за време на двете предизборни кампањи се фаворизирале провладини кандидатим пренесуваат српските медиуми.

Понатаму, се оценува дека правната рамка за отштета на жртвите во текот на 90-те години е неадекватна, како и дека тужителите за воени злосторства немаат постигнато голем напредок на ова поле.

По разоткривање на злоупотребите во јавноста, Владата на Србија преземела чекори кривично да ги гони државните службеници, како во полицијата, така и во владата, се истакнува во документот, со констатација дека многу случаи на корупција, во секојдневниот живот и случаи на семејно насилство останале непријавени и неказнети.

Стејт департментот потсетува дека дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија се одвива без прекини, и дека двајцата лидери, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да ја применат спогодбата од 2015 година за интеграција на судскиот систем на северно Косово во националната структура.

Во извештајот на Стејт департментот се наведува и дека Владата има преземено чекори за казнување на одговорните за злоупотреба, но мнозинството од опозицијата, граѓанското друштво и од медиумите, веруваат дека високи владини претставници се одговорни за корупцијата и дека за тоа се уште не се казнети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...