Руско МНР: Инспектори на ОПЦВ пристигнаа во Дума

62

Инспектори на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) го посети денеска сирискиот град Дума, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Очекуваме инспекторите непристрасно да ги истражат сите околности за настаните во Дума и да изработат објективен извештај. Нивната безбедност сега е гарантирана не само од сириската страна, туку и од командата на рускиот контингент во Сирија – се наведува во соопштението на руската дипломатија.

Заминувањето на специјалниот тим на ОПЦВ неколку денови беше одложуван, а во денешното соопштение портпаролката на руското МНР, Марија Захарова потврди дека инспекторите заминаа во Дума и ги оцени одложувањата како „неприфатливи“.

Дума е сириски град под контрола на бунтовниците, каде на 7 април наводно беше извршен хемиски напад врз цивили, во кој загинаа најмалку 40 луѓе, по што САД, Велика Британија и Франција, обвинувајќи ја сириската Влада за нападот, извршија заеднички воздушни удари врз Сирија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...