Народната банка и Европската комисија ќе ги штитат кованите евра од фалсификување

Народната банкаќе достава одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра.

40

Народната банка потпиша Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување.

Договорот го потпишаа гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути.

Соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја.

Со Договорот, меѓу другото, е предвидено Народната банка да достава известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра.

Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...