Здружувањето на земјоделците е иднината и на македонското земјоделство

147

Во Струмица се одржа петтата Регионална конференција на земјоделските задруги која се организираше под мотото „Да изградиме кооперативно општество“.

– Задругарството е еден од клучните сегменти на политиките за развој на земјоделскиот сектор, на кој Владата предводена од премиерот Зоран Заев, преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посветено работи. Повеќе од јасно е дека здружувањето на земјоделците во задруги треба да биде иднината и на македонското земјоделство – истакна на конференцијата советничката за земјоделство во Кабинетот на премиерот, Ленче Николовска.

На конференцијата беше потенцирано дека Министерството за земјоделство во својата програма за рурален развој има ставка со која се поддржуваат земјоделските задруги, и дека во соработка со Македонската асоцијација на земјоделски задруги, активно се работи на усовршување на моделот на земјоделското здружување и на поддршката за овие иницијативи.

На регионалната конференција на земјоделските задруги во Струмица присуствуваа претставници на Задружни сојузи од Србија, Војводина, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Полска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...