ММФ ќе ја советува Народната банка во неколку сфери на централнобанкарското работење

Жанг, Ебле и Ангеловска-Бежоска разговараа и за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење.

60

Заклучоците од извештајот на ММФ по последниот годишен преглед како и можностите за поддршка за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење како и заклучоците од извештајот на ММФ по последниот годишен преглед. ата  беа тема на разговорот беа тема на разговорите на последната средба на гувернерката  Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, со заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг и претставничката на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле.

Како што соопшти Народната банка, на сребата е истакнато дека оценката дека монетарната политика е соодветна и дека банкарскиот систем е здрав, добро капитализиран и ликвиден се конкретна потврда на успешното остварување на целите на Народната банка.

„Притоа, уште еднаш беше нагласено дека Народната банка соодветно ги искористи поволните услови за зголемување на девизните резерви. При проследувањето на состојбите во банкарскиот систем, одделно беше посочено дека тековните активности за негово окрупнување ќе придонесат за негово натамошно консолидирање и за подобрување на неговата ефикасност“ соопшти Народната банка.

На средбата посебно внимание е посветено и на потребата за дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност, коешто според согледувањата на ММФ и натаму е приоритет.

„Оценето е дека е мошне важно и позитивно што редовно се одвиваат активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка и што се подготвува и регулатива со којашто ќе се зајакне макропрудентниот мандат на Народната банка и ќе се овозможи подобро утврдување на системските ризици во банкарскиот систем“, информира НБ.

Жанг, Ебле и Ангеловска-Бежоска разговараа и за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење, за што веќе се водеа разговори и на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Вашингтон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...