Со методот „љубовник“ тргувале со луѓе, разбиена криминална група во Велика Британија и во Романија

145

Полицијата на Јужен Јоркшир во Велика Британија и романската национална полиција, поддржани од Европол и Евроџаст, вчера разбиле организирана криминална група која била вмешана во трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

На денот на акцијата, полицајци од Романија и Велика Британија извршиле претрес во 11 куќи (пет во Романија и шест во Велика Британија), а операцијата доведе до апсење на деветмина осомничени членови на група за организиран криминал во Велика Британија и до притвор на три лица во Романија, соопшти Европол.

Полицијата идентификувала осум потенцијални жртви на трговија со луѓе, сите жени на возраст меѓу 18 и 30 години.

Криминалната група, која е активна од 2017 година, ги регрутирала своите жртви од економски загрозените региони во Романија. На жртвите им била ветувана значителна материјална добивка.

Најчестиот метод за регрутирање бил методот „љубовник“, со кој се обезбедува емотивна зависност на младите жени од членови на криминална група. Конкретно, многу членови на групата всушност биле во врска со сексуално искористуваните жртви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...