Мексико го стресе земјотрес од 5,4 степени според Рихтер

34

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на мексиканскиот регион Чијапас, соопшти Американскот геолошки завод (УСГС).

Епицентарот на ударот бил на 119 километри југозападно од Сучијата, а е регистриран на длабочина од 10 километри, наведе УСГС, пренесен од британските медиуми.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...