Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.
– Следната година го славиме 40-от роденден на компанијата, како и нејзината визија за поздрав живот. Компанијата Herbalife Nutrition е присутна во преку 94 земји во светот, имаме повеќе од 8.000 вработени луѓе во компанијата, со годишен обрт од приближно 5 милијарди долари, покрај производите за исхрана произведуваме и суплементи за спортисти, како и производи за нега на кожа, а тоа е нешто на што навистина треба да сме горди. Исто така, имаме околу 3.000 вработени научници, многу од нив се светски признати во своите области, кои ни помагаат во развојот на нашите производи и кои се грижат за тоа сѐ што ќе излезе од нашата компанија да биде 100% сигурно и 100% високо квалитетно. Кога веќе сме кај квалитетот- една од најважните работи во компанијата, имаме агенда која се вика „from seed to feed“, а тоа значи дека сѐ што се сади се проверува од семе, па до крајниот производ и тоа низ сите фази на изработка, како сѐ би било во согласност со нашата мисија – рече Николиќ.
За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше д-р Јаром.
– Дефиниција за здравје е отсутност на болести. Не е сѐ во генетиката, иако сите ние имаме тенденција да ја кривиме токму неа за нашите проблеми. Кај многу мал број луѓе, генетиката влијае на одредени проблеми, но генерално кажано нејзиното влијание е само 30%, така 15% влијание има социјалната средина… Еден од најголемите непријатели е прекумерната телесна тежина, половина Европа е со покачена тежина, а дури 8% е со прекумерна тежина која се вбројува под болест… Дебелината со себе носи и „список“ на 26 болести кои можат да не убијат… Двете работи кои најмногу се поврзани со прекумерната телесна тежина се недостатокот од физичка активност и лошиот начин на исхрана, 25% физичка активност и 75% исхрана… Доколку секојдневно внесуваме само 70 калории повеќе од она што му е потребно на нашиот организам, за 30 години ќе накачиме 15 килограми… – рече д-р Јаром.
Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.
Компанијата Herbalife Nutrition во соработка со Feed the children ја покренаа оваа глобална иницијатива, со која заложија 2 милиони долари наменети за борбата против гладот во светот, како би овозможиле достапност на добра храна, и за борбата против сѐ поголемиот пораст на телесна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, подобрување на едукацијата за исхрана, откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.