Ангеловска-Бежоска: Потребна е натамошна консолидација на банкарските системи во регионот

Во презентацијата, гувернерката посочи и на сѐ поголемото присуство на новите технологии во работењето на банките и на финтек-окружувањето, како предизвик за модернизација и дигитализација на начинот на нудење финансиски услуги.

104

Иако последиците од глобалната финансиска криза во голема мерка се надминати, сепак банкарските системи од нашиот регион сѐ уште се соочуваат со потребата за натамошно зајакнување на финансиската стабилност, што треба да овозможи и солиден прудентен раст на кредитната поддршка. Оттука, потребно е да се продолжи со активности за зајакнување на регулативата и практиките, со истакнување на домашните извори на финансирање и натамошна консолидација на банкарските системи. Показателите упатуваат на голем број банки во споредба со големината на економиите во нашиот регион.

Ова, соопшти Народната банка, меѓу другото, го истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, на меѓународната конференција „Ризиците и можностите во постојаниот развој на финансискиот пејзаж – чекорење напред“, што се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово.

Во презентацијата, гувернерката посочи и на сѐ поголемото присуство на новите технологии во работењето на банките и на финтек-окружувањето, како предизвик за модернизација и дигитализација на начинот на нудење финансиски услуги.

На сесијата за ризиците и можностите за натамошен развој на финансиските системи на земјите од Западен Балкан, покрај Ангеловска-Бежоска, учествуваа и гувернерот на Банката на Албанија, заменик-гувернерот на Централната банка на Косово, вицегувернерот на Централната банка на Црна Гора и директорот на Агенцијата за банкарство на Босна и Херцеговина, а претседавач беше заменик-директорката на Одделот за финансиски пазари на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...