Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека во неговиот нов мандат има намера да се позанимава со подобрување на односите со Русија.
– Црногорско-руските односи ги одредува вековна традиција на пријателство, па затоа ние сме должни, такви и денес да ги одржиме и модернизираме. И јас како претседател ќе се погрижам тоа да биде така – изјави тој.
Ѓукановиќ истакна дека во последните неколку години дошло „непотребно влошување на односите” меѓу двете земји, поради фактот дека Црна Гора по возобновувањето на независноста „во што и Русија даде голем придонес”, направи стратешки избор во полза на членство во НАТО и во Европската Унија.
Тој вели дека Москва од самиот почеток била запозната со тоа.
– Очекуваме нашиот избор на сопствен пат сите да го почитуваат, а особено оние кои традиционално ги сметааме за наши пријатели – рече Ѓукановиќ.
Според него, заладените односи меѓу Русија и Црна Гора се првенствено резултат на променетите во глобалниот контекст и враќање на позицијата на „Студената војна” меѓу Русија и Западот.