Могерини: Потегот на Северна Кореја е долго очекуван чекор

54
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, соопшти дека објавата на Северна Кореја за запирање на нуклеарните и ракетните тестирања претставува позитивен чекор и повика на неповратна денуклеаризација на оваа азиска држава.

-Потегот на Северна Кореја е позитивен и долго очекуван чекор на патот кој сега мора да води кон целосна, веродостојна и неповратна денуклеаризација – се наведува во соопштението на Могерини.

Северна Кореја денеска соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и дека планира да ги затвори полигоните за тестирање на нуклеарни бомби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...