Тиквешијата ќе се најде во Балканскиот вински водич

165

Тиквешијата ќе биде застапена во Балканскиот вински водич што ќе биде готов следната година и во кој, покрај нашата, ќе бидат претставени уште девет држави од Балканот.

Според директорката на Фондацијата „Тиквешки вински пат”, Виолета Јанкова, во водичот ќе бидат презентирани сите членки на Фондацијата: винарии, угостителски и туристички субјекти, културни институции и културно-историски споменици.

– Балканскиот вински водич е проект на европскиот културен коридор Итер Витис, во кој членуваат 20 држави, вклучително и земјава, а ги промовираат винските патишта во Европа – вели Јанкова за МИА.

Таа деновиве трет пат беше избрана во Бордот на директори на Итер Витис. – Во Бордот има и претставници од Италија, Франција, Шпанија, Португалија и Тунис, вински докажани земји. Тоа практично значи видливост на нашата држава како винска земја во европски рамки и пошироко, нагласува Јанкова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...