Премиерот и економскиот тим на владата вчера побарале дополнително време за спроведување на длабинска анализа на влијанието на евентуалното намалување на данокот за увоз на суровини и репроматеријали анализа кое било побарано од странските инвеститори.
– На нашето барање, премиерот иако рече, има волја владата да разговара, не рече ниту да ниту не, но го разбирам што побара време за длабинска анализа како тоа ќе се одрази на буџетот. Премиерот ни посочи дека компаниите мора да сфатат дека може да има недостиг во приходите на Буџетот, што е разбирливо. Ако овој недостиг во Буџетот поради намалување на царините може да се компнезира со поголемо производство, тогаш тој има волја да го прилагоди – информира денеска претседателот на Советот на странски инвститори при Стопанската комора Штефан Питер на прес конференција посветена на економската соработка меѓу земјава и Австрија.
Питер рече дека компаниите стрнски инвестиори кои работат во технолошко – индустриските зони дале предлози кои, како што рече, заедно земјата и инвеститорите ќе ги доведе до победничка состојба.
Тој додаде дека австриските инвеститори немаат намера да се повлечат бидејќи во земјата се организираат предверемни избори, туку напротив имаат доверба и ги прошируваат инвестициите, посебно сега кога има позитивни изгледи да се приклучиме на две поголеми семејства (НАТО и ЕУ).
– Ние не се откажавме кога имаше светска економска криза, не се откажавме кога имаше парламентарна криза, напротив инвестиравме. Така беше и во телекомуникациите кога се споија двата телекомуникациони оператори, така е и сега кога во банкарскиот сектор имаме окрупнување, како и во енергетскиот сектор. ЕВН во изминатите години инвестираше над 30 милиони евра – рече Питер.
Тој, како што рече, е изненаден од слабиот извоз на македонски производи во Австрија.
– Австријците сега треба да ги убедиме да купуваат македонски производи не само ајвар, туку и други производи – рече Питер.
Австрискиот амбасадор Георг Вуцас покај тоа што е задоволен што Австрија е инвеститор број еден во земјава, како што рече сака да ѝ помогне таа побрзо да влезе во европското семејство каде што ќе и се отворат нови можности на економијата. При тоа го посочи примерот на Австрија пред и по приемот во ЕУ.
– По влезот во ЕУ во 1995 година австриската економија доживае силен подем. Податоци за инвестирањето од 2017 година на пример говорат дека 6000 компании инвестирале во странство и отвориле над еден милион работни места. Австрискиот буџетски дефицит се намали, а стандардот се подобри – рече Вуцас.
Тој предложи земјава да ги искористи парите од европските фондови кои ѝ се на располагање и пред влезот во Европската унија и да го подобри системот на образование како и животната средина.
Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања на прес конференцијата презентира податоци за економската соработка меѓу двете земји кои покажуваат дека Австрија има инвестирано 687 милиони евра во земјава во изминатиот период што е 16,3 отсто од вкупните инвестиции во земјава до 2018 година.
Тоа, како што рече Јовановски, говори дека австриските компании сакаат да останат во земјава и да придонесат за економскиот развој.
– Тоа е резултат на довербата и силен потенцијал за иднината. Австриските инвестивии се во енергетиката, банкарството, телекомуникациите осигурувањето – рече Јовановски.
Податоците во трговската размена посебно македонскиот извоз, додаде Јовановски, се на релативно ниско ниво, но глобално соработката ја оцени како многу добра.