Продолжен рокот за барање субвенции за млеко и несилки

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка, можат да ги поднесат барањата електронски. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб-страницата на Агенцијата.

47

По барање на фармерите продолжен е рокот за аплицирање за субвенции за произведено и предадено млеко за периодот мај – септември 2019 година, како и рокот за барање субвенции за несилките заклани во регистрирани кланични капацитети од мај до септември годинава.

Новиот рок за доставување на барањата е 22 ноември 2019.

„Од денеска може да се поднесуваат и барањата за дополнителни директни плаќања за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во 2019 година. Рокот за поднесување на барањата за предадено јагне во кланичен капацитет е до 15 декември“ информираат од Агенцијата.

Сите фармери кои ги исполнуваат условите за добивање финансиска поддршка, можат да ги поднесат барањата електронски. За да се аплицира, потребно е да се најават на веб-страницата на Агенцијата.

„Сите фармери, кои имаат проблем сами да креираат/поднесат електонско барање, може да побараат помош во подрачните единици на Mинистерството за земјоделство“, информира Платежната агенција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...