Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека можеби би бил подготвен да сведочи во истрагата за импичмент, иако, како што рече, не направил ништо лошо, а демократите кои ја водат истрагата во Претставничкиот дом не го повикаа јавно да сведочи.
– Иако не сум направил ништо лошо и не сакам да му дадам кредибилитет на овој процес без проверка, ми се допаѓа идејата и со цел Конгресот повторно да се фокусира, силно размислувам за тоа, напиша Трамп на Твитер.