ГДУ: Да нема патарини, туку да се воведат неделни, месечни или годишни претплати со налепници

1938

За да бидеме дел од Европа или како што властите милуваат да кажат Европа да ја донесеме овде, мора да почнеме да функционираме европски. Од македонската метропола за да стигнете до Охрид ви требаат повеќе од два часа. Притоа се вози само 170 килиметри. Освен што амортизерите на автомобилот ќе ви попуштат од дупките на секој метар, се губи време и во чекање на наплатни рампи, рагираат од Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

Само во Македонија на секои 20 до 30 километри се инсталирани наплатни пунктови за патарина, каде во утринските и попладневните часови постојано има гужви. Притоа да не заборавиме дека има во оваа држава и такви на кои наплатните рампи им се креваат без да платат. Многумина биле сведоци на такви ситуации кога некој вози џип или автомобил кој чини колку еден стан, а не плаќа 30 или 40 денари за патарина. За да се спречат ваквите злоупотреби и да се избегнат гужвите,  ГДУ предлага воведување на еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување.  Да се воведат месечни, неделни или годишни претплати со налепници – предложи Дарко Попоски од ГДУ.

Ваков систем, посочи тој, функционира во Швајцарија, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија.

– Во Европа има различни начини на плаќање на автопатиштата, но никаде не функционира како кај нас – вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...