Судскиот процес против регионалниот претседател на Каталонија, Квим Тора почна денеска поради непочитувањето на наредбата да се отстранат сите сепаратистички симболи од јавните згради за време на предизборната кампања.
Доколку Тора биде осуден, би можел да се прогласи за непогоден за извршување на јавните фунцкии на одреден период.
Тој не ја почитувал наредбата од страна на државната Изборна комисија да ги отстрани жолтите траки од седиштето на регионалната Влада во Барселона пред националните избори на 28 април.
Каталонските сепаратисти со жолтите траки покажуваат поддршка кон своите лидери, од кои деветмина добија затворски казни од девет до 13 години поради учеството во неуспешниот обид за отцепување на Каталонија во 2017 година.
Photo: EPA / VICTOR LERENA