Владата го жртвува развојот на државата заради поткуп на гласачите, вели професор Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Зголемување на пример на средствата за социјална заштита за цели 140 милиони евра како што е предвидено во наредниот буџет, тоа значи дека владата се подготвува, жртвувајќи ја иднината на економијата и дури и на развојот на земјата, од популистички побуди да ги поткупува гласачите. Тоа е една од основните забелешки на овој буџет, најлош од аспект на структурата досега, нема никаква развојна компонента – вели Славески.
Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.