Претседателот на САД Доналд Трамп, помилува тројца американски војници обвнети за воени злосторства извршени во Авганистан и во Ирак.
Конзервативни претставници од власта и набљудувачите досега праќаа пораки дека тројцата војници се неправедно обвинети херои за извршени акции во хаотични ситуации во текот на борбите.
Во синоќешното соопштение од Белата куќа, Трамп објави дека наредува помилување за Клинт Лорејнс, кој служи 19-годишна казна затвор за убиство на двајца цивили во Авганистан и Метју Голстејн, кој по грешка убил авганистански цивил за кого сметал дека е талибански изготвувач на експлозиви.
На Едвард Галагер, командант на вод на специјалната единица „Фоки“, кој во јули беше ослободен од обвинение за воено злосторство за убиство на заробен борец на ИД, и за обид за убиство на цивил во Ирак, Трамп му го врати одземениот чин. Галагер, сепак се соочуваше со други две обвиненија: фотографирање со труп на малолетен терорист во својство на трофеј и попречување на правда поради закани да убие друг припадник на Фоките кој го пријавил.
– Како врховен командант, претседателот поседува главна одговорност за спроведување на законот и ако е умесно, доделува проштевања. Претседателот веќе истакна дека „кога нашите војници се жртвуваат за нашата земја, сакам да им дадам увереност во тоа“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Овој чекор на Трамп да се наметне како врховен судија во военото судство досега не бил направен од ниту еден негов претходник и е критикуван од армиските лидери.
Така на пример секретарот за одбрана Марк Еспер и армискиот секретар Рајан Мекарти, укажаа дека ова може да го загрози воениот судскио кодекс и да биде лош пример за другите армиски припадници кои се на теренот, пренесе „Њујорк тајмс“.