Ивановска: По средба со Анѓушев Полската амбасада побарала укинување на царините за акумулатори

5630

Барање за укинување на царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори доставила Полската амбасада по средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, а со образложение дека извесна полска компанија од овој сектор сака да инвестира во Македонија, откри првата антикорупционерка Билјана Ивановска во интервју за 360 степени.

– Целиот предмет има поголема историја. Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на која се расправало за предлог-одлуката за укинување на царините на батериите за акумулатори. Според стенограмите, тој и земал збор и директно учествувал во расправата со насоки како предлог-одлуката треба да се усогласи со Министерството за финансии. Ова е главниот доказ дека Анѓушев не се изземал од оваа предлог-одлука, напротив, учествувал во неа. На крај, полската компанија не инвестирала во Македонија, туку во Србија – рече Ивановска.

Таа рече дека иницијативата од Антикорупциска е доставена до премиерот Зоран Заев. Премиерот може да достави иницијатива до Собранието да биде разрешен вицепремиерот Анѓушев.

– Одлуката е на премиерот. Ние сме должни да ги обелодениме состојбите пред граѓаните. Ги утврдуваме состојбите врз основа на аргументи добиени од владата и министерствата, но и други институции – вели Ивановска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...