Џонсон: Нема докази за руско мешање во британските избори

41
ФОТО: EPA / ANDY RAIN
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема докази за мешањето на Русија во изборните процеси во Обединетото кралство, пренесе Тасс.

-Докази за тоа нема, рече Џонсон за Би-Би-Со, како одговор на забелешката за сериозноста на темата за мешањето на Москва во британската политика.

Тој ја зафати и темата за парламентарниот извештај во однос на заканата што Русија може да ја претставува за британската демократија.

Кон крајот на октомври 2019 година поранешниот генерален обвинител на Англија и Велс, Доминик Грив, ја обвини владата дека одбива да даде одобрение за објавување на извештајот. Тој  е подготвен од парламентарната комисија за разузнавање и безбедност, која е раководена од поранешниот главен обвинител. Извештајот бил испратен на 17 октомври за одобрение до владата. Грив посебно внимание посвети на фактот дека вообичаено овој процес одзема 10 дена, но владата во Лондон овој пат го забавила одговорот неколку недели.

-Нема причина да се менува востановената пракса во однос на објавувањето на извештајот на комисијата за разузнавање и безбедност, само затоа што се спроведуваат избори,  изјави премиерот и ги отфрли обвиненијата дека објавувањето намерно се одолговлекува.

Според него, ваквите извештаи секогаш одземаат извесно време, за да бидат детално прегледани.

-Сите подароци за Конзервативната партија и навистина секоја друга партија се испитуваат правилно, изјави тој во одговорот на прашањето поврзано со паричните уплати од страна на богатите Руси за Конзервативната партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...