Принцот за прв пат проговори за скандалот со педофилот милијардер

168
ФОТО: Би-Би-Си

Принцот Ендру конечно јавно проговори за скандалот и педофилот милијардер Џефри Епстејн во интервју за „Би-Би-Си“, пренесува „Метро“.

Тој седна со Емили Маитлис, а нивниот разговор новинарката го нарече отворено интервју без проверени прашања.

Интервјуто со 59-годишникот ќе биде прикажано утре на Би-Би-Си 2. Нема детали за што точно е разговорот, но ќе бидат спомнати обвинувањата од Вирџинија Робертс дека била принудена од Епстејн да има секс со принцот три пати помеѓу 1999 и 2001 година.

Принцот ги негираше обвинувањата. Во јавноста излезе фотографија од нив двајца, со раката на принцот околу 17-годишната девојка, во домот на поранешната партнерка на Епстејн.

Робертс е само една од повеќето жени кои го обвинија Епстејн за сексуално насилство. Епстејн чекаше судење кога беше пронајден мртов во својата ќелија во август.

Се појавија прашања во врска со пријателството на принцот и Епстејн, особено кога излезе фотографија од нив во 2010 година по излегувањето на милијардерот од затвор поради детска проституција.

Преку соопштение принцот рече дека го запознал Епстејн во 1999 и дека се гледал со него најверојатно не повеќе од два пати во година.

ФОТО: Би-Би-Си

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...