Концерт на камерниот оркестар „Профундис“

49

Во рамки на 20. „Есенски музички свечености“, вечерва од 20 часот во фоајето на Националната опера и балет концерт ќе одржи камерниот оркестар „Профундис“, насловен „Полифони одблесоци“.

Солисти се Наде Талевска-Спасовска (сопран), Стојанче Косовски (труба) и Ѓурѓица Дашиќ – диригентка што го води 13-члениот оркестар. На концертната програма се дела од Глук, Хендл, Телеман, Вивалди, Бах.

Камерниот оркестар „Профундис“ е нов уметнички состав чија цел е промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на еманципација на сите концертни изведувања.

Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот, па сè до денес, овој камерен оркестар се насочува во развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3Д-мапинг, учество и презентација на нови технологии).

– Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција – соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организатор на „Есенски музички свечености“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...