ЕУ со предупредување до Лондон поради неназначувањето еврокомесар

Британскиот амбасадор при ЕУ Тим Бероу вчера ја известил Европската Комисија дека Лондон нема да понуди британски еврокомесар пред 12 декември.

107

Европската комисија денеска испрати писмо со официјално предупредување до Велика Британија, со што почна постапка против неа поради неименувањето кандидат за новиот состав на тоа извршно тело на ЕУ.

– Европската комисија денеска испрати официјално писмо до Велика Британија поради кршење на обврските од Договорот за ЕУ, односно бидејќи не номинираше кандидат за функцијата комесар на ЕУ – велат од Комисијата.

Лондон има рок до 22 ноември да одговори на писмото.

Новата Европска комисија би требало да стапи на должност на 1 декември.

Британскиот амбасадор при ЕУ Тим Бероу вчера ја известил Европската Комисија дека Лондон нема да понуди британски еврокомесар пред 12 декември.

Избраната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, побара од британската Влада да предложи комесар, согласно европските повелби, бидејќи земјата е сѐ уште формално членка на ЕУ најмалку до 31 јануари 2020.

Меѓутоа, британските закони не дозволуваат назначување на високи функционери во меѓународни организации во предизборен период. Изборите се закажани за 12 декември, а Брегзит треба да се случи на 31 јануари 2020.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...