Историчар и просветни работници ја добија државната награда „22 Ноември“

245

Истражувачот, историчар и хуманист Давид Хосафлoк и просветните работници Кимете Агаи и Аднан Агаи се добитници на државната награда 22 Ноември која се доделува за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот  живот во земјава.

Одлуката ја донесе организациски одбор под претседателство на проф. д-р Гзиме Старова. Тројцата добитници, како што соопшти Министерството за култура, се наградени за нивниот придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на 22 ноември  во 13 часот во Собранието на Република Северна акедонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...