Последниве две години во земјава има напредок во бројот на предмети решени со медијација. Медијацијата може да придонесе да се подобри сликата во судството во поглед на евроинтеграциите, затоа што таа во европските агенди, е еден од клучните елементи и „еден од столбовите на кои се потпираат натамошните реформи во правосудството“ на ниво на Европа. Ова беше речено на денешното потпишување на меморандум за соработка на Комората на медијатори и Академијата за судии и јавни обвинители.
Меморандумот го потпишаа претседателот на Комората на медијатори, Славе Младеновски и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители Наташа Габер-Дамјановска во рамки на првиот Центар за медијација формиран според европски модел во Сојузот на стопански комори.
Комората на медијатори, како што беше речено, бележи над две илјади предмети за 2017/18 година.
– Во Комората постои неподелено мислење, медијацијата да ја направиме да биде постапка, која за страните во спорот е прво, единствено и последно решение во доаѓањето до заеднички договор со што ние сме ја завршиле успешно нашата работа како медијатори – изјави Младеновски.
Според него, во наредните период ангажирањето на Комората ќе биде нсасочено кон запознавање на граѓаните и институциите со можностите и со позитивните карактеристии на медијацијата со цел да се намалат судските постапкио.