Португалија ја зголемува минималната плата, секој петти работник на „минималец“

Најголемиот португалски синдикат ЦТГП оцени дека зголемувањето на 635 евра е „недоволно“, тврдејќи дека земјата може да обезбеди и значително поголем раст на минималната плата, пренесува Хина.

288

Португалската влада денеска го претстави предлогот за зголемување на месечната минимална плата за речиси шест отсто. Доколку предлогот биде усвоен од следната година минималната плата би била 635 евра, но и понатаму ќе биде една од најниските во западна Европа.

На почетокот на вториот мандат, во октомври, премиерот Антонио Коста вети дека до 2023 година ќе ја зголеми минималната плата за 25 отсто, односно на 750 евра.

Најголемиот португалски синдикат ЦТГП оцени дека зголемувањето на 635 евра е „недоволно“, тврдејќи дека земјата може да обезбеди и значително поголем раст на минималната плата, пренесува Хина.

Секој петти работник во Португалија прима минимална плата, а во несигурен работен однос лани биле 890.000 Португалци. Тука спаѓаат и нестандардните облици на вработување, вклучувајќи привремена работа и договори на определено време.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...