Хонг Конг: Полицијата изврши претрес во универзитетски кампус

Портпаролот на полицијата Це Чун – чунг на денешната прес конференција соопшти дека акцијата била преземена откако дошло до уште еден напад врз полицијата, која обезбедувала пешачки мост покрај кампусот.

22

Хонгкошката полиција соопшти дека извршила претрес во универзитетскиот кампус поради основано сомнение дека тој простор се користи за правење бензински бомби заради напад врз полициските службеници.

Полицијата беше критикувана поради вчерашниот упад во кинескиот универзитет во Хонг Конг, а дел од медиумите го оценија како напад врз високото образование и знак на влошување на односите меѓу полицијата и јавноста.

Портпаролот на полицијата Це Чун – чунг на денешната прес конференција соопшти дека акцијата била преземена откако дошло до уште еден напад врз полицијата, која обезбедувала пешачки мост покрај кампусот.

Полицијата соопшти дека во текот на вчерашниот ден во Хонг Конг испукала 1.567 канистри со солзавец и 1,312 гумени куршуми. Вкупно се уапсени 142 лица, а 10 луѓе со повреди се хоспитализирани.

Фото: EPA/MIGUEL CANDELA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...