50 милиони денари субвенции ќе добијат печатените медиуми за 2019 година

99

Владата го донесе новиот текст на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Средствата за реализација на оваа програма, утврдени со Буџетот за 2019 година се во износ од 50.000.000 денари, а Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе објави Јавен повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за пријавување на интерес за средствата од оваа програма во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа програма.

Оваа програма е донесена на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...