„Систина офталмологија“, дел од групацијата „Свјетлост“ Загреб, и оваа година традиционално по четврти пат го организира регионалниот симпозиум „Новитети во офталмологијата“. Основната цел е размена на најдобрите практики од офталмологијата меѓу професионалците во оваа област.
На 02.11.2019 (сабота), во присуство на 300 гости од Македонија, Хрватска, Србија и од Косово каде освен офталмолози, присуствуваа и доктори по општа медицина, ендокринолози, и специјализанти од Медицински факултет, се одржа четвртиот регионален симпозиум „Новитети во офталмологијата“ во организација на „Систина офталмологија“ дел од Групација „Свјетлост“.
Опфатени беа различни теми од офталмолошката пракса, а пред сѐ, едукација и размена на искуства меѓу медицинските лица од Македонија и од регионот. Предавачи на овој единствен од овој вид и размер симпозиум од оваа област, беа проф. д-р Никица Габриќ (Свјетлост), д-р Златко Арнаудовски, д-р Билјана Костовска, д-р Илир Османи, д-р Фанка Гилевска (Систина офталмологија) и aсс. д-р Христијан Дума (ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести-Скопје) и д-р Страхил Газепов (Клиничка болница – Штип).
Новитет оваа година беа и излагањата на помладите колеги доктори, како дел од програмата за обука и едукација на млади кадри – специјализанти на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“.
– Симпозиумот претставува одлична можност за споделување на најновите трендови во работењето кои се применуваат во „Систина офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“, вклучувајќи и успешни резултати од примена на нови методи за третман на очни болести. Оваа година за првпат споделија искуства и младите доктори специјализанти кои се дел од програмата за развој на млади професионалци на „Систина Офталмологија“ и Универзитетската очна клиника „Свјетлост“. Искуства беа пренесени и од државното здравство што претставува одличен спој на знаења, а ваквиот начин на работа само ја потврдува одличната соработка меѓу професионалците во офталмологијата, а се во улога на најдобрата можна дијагностика, избор на метода и соодветен третман на пациентите – изјави д-р Златко Арнаудовски, медицински директор на „Систина офталмологија“.
„Систина офталмологија“ дел од Групација „Свјетлост“ е првата очна болница која веќе десет години, дијагностички и хируршки ги третира сите проблеми со видот и со очите.
Во моментот „Систина офталмологија“ има свои центри во Тетово, Гостивар и во Битола.
Денес, заедно со хрватскиот партнер бројката на опслужени пациенти брои повеќе од 400.000 пациенти, со вкупно 50 резидентни доктори и над 140.000 успешни интервенции.