Ќе се основа културно-информативен центар на Македонија во Тирана

Ова е четврт информативно-културен центар на Република Македонија во странство, по тие во Софија, Њујорк и Истанбул.

186

Владата на 64. седница донесе одлука да склучи спогодба со Советот на министри на Република Албанија за основање културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и на Република Албанија во Скопје, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.

– Со основање на културно информативниот центар на Македонија во Тирана и на Албанија во Скопје очекуваме дополнително да се зголеми соработката меѓу двете држави, да се продлабочи културната соработка и да се создадат услови културните работници и институции на двете држави да го презентираат своето творештво како во Албанија, така и во Македонија – изјави Хоџа.

Тој посочи дека ова е четврт информативно-културен центар на Република Македонија во странство, по тие во Софија, Њујорк и Истанбул.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...