Зголемената застапеност на земјите од западот во Советот за безбедност на Обединети нации нема да донесе никаква дополнителна вредност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Клучниот недостаток на СБ е недоволната застапеност на земјите во развој. Единствено со поголема застапеност на земјите од Азија, од Јужна Америка и од Африка би можел да се реши тој проблемот – изјави Лавров.
Тој додаде дека во било која конфигурација на Советот за безбедност, западните земји се застапени со барем една третина, дури некогаш и повеќе.
Лавров истакна дека во текот на самитот Г-20, што се однесува на економските проблеми, земјите во развој се фокусираат на политичките проблеми што и на некој начин го надополнува недостатокот од реформи во СБ, но тоа не значи дека тие реформи не би требало да се спроведат.
Фото: EPA/YURI KOCHETKOV