Заев: Анѓушев е претставник на коморите, потребен е на владата

Ќе разговараме со него и ќе видиме што ќе се договориме, рече Заев.

656

Ангажирањето на Кочо Анѓушев е за овој мандат на владата, претставник е на коморите, но е потребен и на неговите компании, рече на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Анѓушев дека по изборите се повлекува од политиката и им се враќа на фирмите и факултетот.

– Тој е повикан да биде дел од владата од коморите, а како што знаеме тој е сопственик на комапнии и во разговорот со него дознав дека неговите компании бележат пад од речиси 50 отсто- рече Заев.

Заев рече дека Анѓушев е одговорен политичар кој е потребен на владата, но и на неговите компании.

– Ќе разговараме со него и ќе видиме што ќе се договориме. Секако ќе ја почитувам неговата одлука – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...