Пензиите следната година ќе пораснат за 850 до 900 денари

Минималната пензија, како што рече Заев,  сѝ уште е околу 8000 денари, а просечната  пензија 14.500 денари

1448

Пензинерите следната година ќе добијат зголемување на пензиите од 850 до 900 денари. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција посветена на Буџетот за 2020 година.

Како што рече премиерот, ова зголемување на пензиите е во рамките на законското усогласување со растот на трошоците на живот и порастот на просечната плата, кое номинално изнесува зголемување од 700 до 730 денари и со дополнителен раст со индексациите од 150 до 180 денари. Вкупното зголемување на пензиите во 2020 година ќе изнесува од 850 до 900 денари.

Минималната пензија, како што рече Заев, сѐ уште е  8.940 денари, а просечната  пензија е околу  14.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...