На Анѓушев му е доста од политика, по изборите му се враќа на бизнисот

1213

По изборите без оглед на нивниот исход вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се повлекува од политиката и ќе им се врати на своите компании и на Машинскиот факултет каде што предаваше. Ова тој го изјави за емисијата Топ тема на телевизијата Телма. Една од причините е што неговите најчесни намери да и помогне на државата, како што вели, не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните.

– Кога прифатив да бидам дел од владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа не е само заради неучеството на тендерите, туку и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ни една партија, нема да продолжам со политиката во перспектива – рече вицепремиерот, кој на оваа позиција дојде предложен од бизнис секторот.

Извор: Фактор

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...