Виетнам ќе привлекува кинески туристи со казино вредно четири милијарди долари

Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели, голф терени и водни паркови чини околу четири милијарди долари.

116

Компанијата Сансити планира следната година да го отвори досега најголемото казино во Виетнам. Проектот Хојана се простира на 1.000 хектари и изградбата на планираните хотели, голф терени и водни паркови чини околу четири милијарди долари.

Главна цел на казиното се кинеските туристи. Сансити веќе стопанисува казина во Макао и има искуство во бизнисот.

Во Виетнам паралелно се градат уште два големи казино-комплекси, во Вон Дон на северот на земјата и на островот Фу Кок, кои ќе бидат отворени и за виетнамските државјани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...