Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека со амандманските измени на Законот за поддршка на инвеститорите кои се прифатени вчера на собраниската Комисија за економскипрашања се овозможува и текстилната и кожарската индустирја да можат да користат пари од државата.
– За овие индустрии се олабавија критериумите и се овозможи да добиваат државна поддршка, ако го исполнат еден од двата услови предвидени со законот, а тоа е со звршната сметка да покажат дека профитабилно работели во последната година споредено со птретходните три или да го задржат или зголемат бројот на вработени – појасни Анѓушев.
Вицепремиерот, како што рече, очекува до крјаот на мерсецов или на почетокот на мај да биде донесен Законот за поддршка на инвестиорите ос страна на Собранието, а во јуни компаниите ќе можат да ги добијат парите.