Вонредна состојба поради пожарите во две австралиски држави (ВИДЕО)

Временските услови со температури повисоки од 34 степени и силен сув ветер го отежнуваат гаснењето на пожарите и го загрозуваат квалитетот на воздухот.

120
ФОТО: Принтскри / Јутјуб

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот, при што загинаа три лица, а уништени се повеќе од 150 куќи.

Временските услови со температури повисоки од 34 степени и силен сув ветер го отежнуваат гаснењето на пожарите и го загрозуваат квалитетот на воздухот.

Според премиерот Гледис Буреџиклијан, ваквата мерка е донесена поради заштита на животот, имотот и безбедноста за сите.

Властите истовремено го предупредија локалното население дека би можело да се случи и евакуација, додека е се уште се мирно и без паника.

На пожарникарите во гаснењето на огнот им помагаат колегите од државата Вирџинија, а вкупно се ангажирани 400 со 50 возила.

Во текот на сувата летна сезона во Австралија шумските пожари се вообичаени, а најлошата огнена стихија ја погоди земјата во 2009 година, кога загинаа 173 лица, а 414 беа повредени.

ФОТО: Принтскри / Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...