Обновата на Нотр Дам има потреба од руски експерти

Познатата катедрала од средниот век Нотр Дам беше значително оштетена во голем пожар на 15 април.

292
ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

На Франција можеби ќе и биде потребна стручна помош од Русија во обновата на катедралата Нотр Дам, која изгоре во април, изјави француската амбасадорка во Москва, Силви Берман.

– Пред сѐ, сакам да и се заблагодарам на Русија што изрази загриженост за овој трагичен пожар. Формиравме агенција во Париз која работи на реставрацијата на катедралата Нотр Дам и таа ќе контактира со Москва. Тие ќе утврдат каква стручна помош ни е потребна. Подготвени сме да повикаме експерти во Париз – рече Берман.

Познатата катедрала од средниот век Нотр Дам беше значително оштетена во голем пожар на 15 април.

Уништена е централната кула и голем дел од кровот, додека остатокот од објектот, главните уметнички дела и реликвиите беа сочувани.

Причините за катастрофата сè уште не се познати.

ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...